Вработена на Одделението за педијатрија во тетовската Клиничка болница, вчера, во 9.45 часот, во СВР Тетово пријавила дека на деветти овој месец околу 7 часот женско лице од Република Косово донело шестмесечно бебе без знаци на живот, кое лекарите од ова Одделение се обиделе да го реанимираат, но не успеале во тоа и констатирале смрт, извести СВР Тетово, пренесува Макфакс.

„Женското лице од Косово потоа ги зело бебето и медицинската документација и заминало одбивајќи да се изврши обдукција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот“, соопшти СВР Тетово.