На 21.12.2021 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во просториите на Управни служби на МВР, во зграда на МРТВ, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Е.М.(40) и Ш.М.Р.(38), двајцата од с.Мојанци, скопско, од една страна и С.К.(54) од с.Љубин, скопско, од друга страна, сите странки во службите.

Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.