Жител на кумановско и кратовско село и кумановец се степале утрово во кафеана во населбата „Перо Чичо”, соопшти денеска полицијата.
– Утрово во 03.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во населбата Перо Чичо бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Д.С.(22) од село Лопате, кумановско , И.Д. (41) од село Трновац, кратовско и М.М.(30) од Куманово, информираа од полицијата.
Полицијата направила записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.