Тепачката со секира во центарот на Струмица
Еден приведен, друг во бегство по тепачка во Струмица – распишана потерница по 32-годишник од Штип
С.А. (49) од Струмица е приведен, а Ќ.Д. (32) од Штип е во бегство по физичка пресметка што се случила во Струмица, информираат од СВР Струмица.
– Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д., кој по настанот се дал во бегство, е објавен централен распис за негово пронаоѓање – стои во официјалното полициско соопштение.
Од МВР додаваат дека за случајот е информиран јавен обвинител од ОЈО Струмица, кој дал насоки за понатамошни постапки. Полициските службеници продолжуваат со активности за целосно расчистување и документирање на инцидентот, по што против инволвираните ќе биде поднесена соодветна пријава.