Три лица се повредени откако четирицикл се превртел во атарот на ресенското село Јанковец. Возачот и деветгодишен малолетник се здобиле со тешки телесни повреди, додека третиот сопатник бил полесно повреден.
Несреќата се случила кај местото „Планинче“
Случајот вчера во 18:30 часот бил пријавен во ОВР Ресен од лекар во Здравствениот дом во Ресен.
Според пријавеното, несреќата се случила на местото викано „Планинче“, во атарот на селото Јанковец.
Возачот изгубил контрола над четирициклот
Четирициклот од марката „Линхаи“, со ресенски регистарски ознаки, го управувал 46-годишниот Н.Т. од Јанковец.
Со него се превезувале и 28-годишниот Д.К. од истото село, како и деветгодишно дете од селото Базерник, Демирхисарско. Возачот изгубил контрола над четирициклот, по што возилото се превртело.
Извршен увид на местото на несреќата
Лекар констатирал тешки телесни повреди кај возачот и малолетникот, додека кај 28-годишниот сопатник биле утврдени телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Ресен, соопшти Министерството за внатрешни работи.
