Ноќеска на два часа по полноќ загина 39-годишен скопјанец, а неговите сопруга и деца се со тешки повреди. Несреќата се случила на експресниот пат од Штип до Кочани.
Според МВР, возилото со кое се превезувало семејството излетало од патот. Станува збор за автомобил „рено лагуна“.
Во изминативе пет месеци, пет лица ги загубија животите на овој пат.