Сообраќајот е целосно прекинат, возилата се пренасочуваат кон регионален пат

Вечерва се случи сериозна сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани–Штип, во близина на селото Тракање, при што учествувале три возила.

Според информациите од СВР Штип, во несреќата има повредени лица, но засега не се познати деталите за сериозноста на повредите.

На местото на настанот се врши увид од надлежните служби, поради што сообраќајот на експресниот пат е целосно запрен. Сите возила се пренасочуваат кон регионалниот пат Кочани–Штип додека трае расчистувањето на местото на несреќата.