Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на улицата „Партизански пат“ во Врање.
Како што пишуваат српските медиуми, во несреќата животот го загубило 25-годишно момче од Македонија.
Во автомобилот имало неколку лица, но само едно починало на лице место, потврдиле извори од истрагата.
Исто така, неофицијално се пишува дека лицата го згрешиле патот кон Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека го заборавиле мобилниот телефон во кафеаната во центарот на градот, каде што претходно престојувале и се вратиле назад, по што се случила несреќата.
Автомобилот од непозната причина излетал од патот и удрил во рабник. Истрагата е во тек.