Во автомобилот имало повеќе лица кои биле во ресторан во Врање, а загинатиот е на возраст од 25 години, објави Плусинфо.

Македонскиот државјанин, кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во близина на Врање, е 25-годишно момче, кое со пријателите претходно било во ресторан во центарот на Врање, пишуваат српски медиуми.

Во возилото имало повеќе лица. На враќање се сетиле дека заборавиле еден мобилен телефон во кафеаната каде што ручале, па се обиделе да се вратат, но го згрешиле патот.

Обидувајќи се да се вратат назад, од непознати причини дошло до несреќата, во која нивното возило удрило во насип покрај патот. Во автомобилот имало неколку лица, од кои едно починало на самото место на несреќата, а друго е примено на лекување во Здравствениот дом во Врање, каде му е укажана медицинска помош.