На 12.02.2022 во 04:30 часот на регионалниот пат Р1 103 Неготино-Лакавица, во с.Пепелиште, патничко возило „сеат леон“, со неготински регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(27) од Неготино, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот И.Ѓ. и неговите сопатници С.Р.(26) и Р.Т.(28), сите од Неготино, се здобиле со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.С.(26) од Неготино се здобил со повреди, констатирани во Општа болница-Кавадарци, односно во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид извршила екипа од Полициска станица Неготино.