На локалниот пат во с.Ратае, тетовско, се случила сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден.

Како што информираат од МВР, се судриле патничко возило „опел корса“, управувано од Р.П.(30) и патничко возило „фиат чинквеченто“, управувано од Љ.С.(54), двете со тетовски регистарски ознаки.

По несреќата, возачите Р.П., Љ.С. и сопатникот во возилото „фиат“ А.Ј.(67), сите од с.Ратае, биле пренесени во Клиничка болница Тетово, каде на А.Ј. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Р.П. и Љ.С. телесни повреди, соопштија од полицијата.