На 11.11.2021 во 19.18 часот на ул.„Тошо Даскало“ во Битола мопед „априлија“, со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник, удрил во пешак Л.П.(79) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.