Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди“,  управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф“, управувано од М.П.(32)  и патничко возило „ауди“, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25), се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото на незгодата, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.