На 14.01.2024 во 09.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(36) од Прилеп, удрило во ограда од патот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.