На улицата „Владимир Полежановски“ во Скопје патничко моторно возило „хундаи“ со скопски регистарски ознаки, вчера удрило во малолетничка, при што се здобила со тешки телесни повреди.

Како што соопштија денеска од МВР, со патничкото моторно возило управувал Д.М.(37) од Скопје, а малолетничката била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.