За избор на претседател, најверојатно, ќе има и втор круг.

Во 47. Народно Собрание ќе влезат пратеници од седум или од шест партии. Победникот повторно нема апсолутно мнозинство. Ова го покажуваат резултатите од излезните анкети на агенции „Галуп“ и „Тренд“, направени на барање на НОВА.

Ниту еден од кандидатите на претседателските избори не успеа да ги добие потребното мнозинство од оние што гласаа, па победникот ќе се решава во вториот круг, покажуваат излезните анкети.

Во вториот круг ќе се соочат актуелниот шеф на државата Румен Радев и проф. Анастас Герџиков. Во моментов разликата меѓу нив е 24,3% во корист на Радев. Тој освоил 49,3 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат – 25 отсто.

Без мнозинство, но со прв резултат по денешното гласање е коалицијата „Промената продолжува“, покажува анкетата на ,,Галуп”. За нив гласале 25,7 отсто од гласачите.

Втори се ГЕРБ-СДС на Бојко Борисов со резултат од 23,5 отсто. Третото место е за БСП. Тие земаат 14,5% од гласовите. Четвртата позиција е за ДСП. Тие уживаат поддршка од 10,2% од оние кои излегле на гласање.

Формацијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов очигледно изгуби значаен дел од поддршката што ја доведе до првото место на изборите во јули. За нив денеска гласале 8,0 отсто од гласачите, според ,,Галуп”.

Шестата сигурна формација во новиот парламент ќе биде таа на Демократска Бугарија. Тие освоија 6,9 отсто од гласовите. Според „Галуп“, последната партија што го преминува прагот за влез во парламентот е „Преродба“. „Под линијата“ од 4% останува „Стани БГ! Доаѓаме“ (2,2%). По неа следи ВМРО со 1,2 отсто од гласовите. За други формации гласале 3,6%.

Кај ,,Тренд” тесно води ГЕРБ
Според податоците на агенцијата „Тренд“, нарачана и финансирана од НОВА, ГЕРБ се победници на парламентарното гласање со 23,5 отсто од гласовите. Второто место е за „Промената продолжува“ (22,5 отсто). Трета е БСП со 14,2 отсто. Следат ДПС (9,6%), „Има таков народ“ (9,5%). „Демократска Бугарија“ (7,3%). Во парламентот влегува и „Преродба“ со 4,1%.