Како што јави дописникот на МИА од Софија, за Комисијата е необјасниво однесувањето на жената.

– Средовечната жена претходно не покажа никаков афект или несогласување со нешто, изјави претседателката на Комисијата, Снежина Колева.

Во изборниот протокол, Комисијата напишала дека жената го изела гласачкото ливче.