–Околу 12 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 50-годишниот тетовец С.Ј., осуден на затворска казна за „непостапување според здравствени прописи за време на пандемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово
По кусото задржување во Полициската станица Тетово, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ за издржување на казната.