Таа му ја честиташе победата на нејзиниот противкандидат Биљал Касами од партијата Беса.

Арифи прва призна пораз на локалните избори, по два мандати како градоначалник на Тетово.

– Според броењето на резултатите и тоа што го имаме како податок, изгледно е дека Тетово ќе го води мојот противкандидат и јас му честитам на победата и му посакувам успешна работа имајќи предвид дека Тетово носи многу предизвици. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои ме поддржаа и кои го поддржаа мојот концепт, останувам на мислењето дека е тоа прогресивен концепт. Времето ќе покаже дека прогресивноста била на нашата страна, рече Арифи во своето кусо обраќање пред новинарите.