Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Резултатите од анкетата, во делот за Аеродром, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.3% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски за кој довербата ја дале 17,1% од граѓаните, кандидатот на Левица, Весна Кираџиева за која 8,4% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Билјана Аврамовска – Ѓореска со 4,2% и Миле Петковски од ТМРО со 1,8%.