За Фетаи гласаа само четворица јавни обвинители иако обвинителката ги исполнуваше условите и има висока оцена за својата работа. Јавниот обвинител Љубомир Јовески гласаше против.

Според Законот за јавно обвинителство за обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција може да биде избрано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку четири години како јавен обвинител и е оценет со позитивна оценка во последните две години.

Колешката на Фетаи од поранешното СЈО, обвинителката Лиле Стефанова со 10 гласа „за“ ја доби поддршката од нејзините колеги во Советот на јавните обвинители и денеска беше избрана за обвинител во Јавното обвинителството за гонење организиран криминал и корупција како и обвинителите Наташа Поп Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ.

На денешната седница беше избран и основен јавен обвинител на струшкото обвинителство кое ќе го води Стојанчо Арнаудовски.

Огласот беше распишал лани во октомври.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, заедно со шефицата Вилма Русковска сега има десет обвинители, а со новоизбраните ќе бидат 15.

Седницата на Советот на јавни обвинители продолжува со избор на уште пет обвинители во Вишото јавно обвинителство во Скопје.