Тинејџер е убиен со нож во близина на училиште во западно предградие на Сиднеј, соопшти денеска австралиската полиција.
Друг тинејџер се здобил со тешки рани од нож и е пренесен во болница, соопшти полицијата во државата Нов Јужен Велс.
Полицијата била повикана околу 15:40 часот (05:40 GMT) по нападот со нож во близина на училиште во Дунсајд во западен Сиднеј. Дури и пред полицајците да стигнат на местото на настанот, двајца тинејџери пристигнале во блиската полициска станица со убодни рани, се вели во соопштението. Еден од нив починал во станицата.
Околностите за нападот првично беа нејасни. Полицијата почна истрага и едно лице е уапсено. Полицијата трага по други осомничени, објави австралиската телевизија Еј-Би-Си, повикувајќи се на полицијата.