Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13.30 часот во Полициската станица Центар, А.П.(38) од Скопје пријавила дека од Клиниката за токсикологија ја известиле дека Р.И.(16), чиј старател е А.П., се оддалечила од клиниката.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.