Eпидемиологот Бранислав Тиодоровиќ, кој е член на Кризниот штаб во Србија не е оптимист дека ќе се подобри епидемиолошката состојба во Србија.

Вели дека невакцинираните ќе бидат најпогодени.

-Мораме да разбереме дека бројот на смртни случаи е страшен и исклучително голем. Мислам дека нема повеќе луѓе кои немаат некој во околината што не е заразен. Мислам дека само сериозноста во спроведувањето на мерките може да доведе до враќање на животот барем донекаде во нормала, посочува Тиодоровиќ.

Во Србија до последниот пресек потврдени се 3.888 новозаболени од корона вирус. Од последиците на Ковид-19 починаа 69 пациенти, со што е изедначен највисокиот број починати во еден ден од почетокот на епидемијата.