Таа вчерашниот изборен резултат го спореди со оној на изборите во 2008 година, кога на чело на партијата била Шекеринска.

– Историскиот дебакл на СДСМ се вика Радмила Шекеринска со 233 000 гласови на изборите во 2008. На овие избори титулата Историски дебакл се бори да ја добие Зоран Заев со, засега, 230 000 гласови, напиша Куновска.