Како што потсетува Танјуг, Тојота е последната во серијата на големи производители на возила што беше принудена на таков чекор поради критичниот недостаток на полупроводници.

Компанијата планираше да произведе близу 900.000 автомобили, но целта сега е намалена на околу 500.000, се вели во извештајот.

Повторното проширување на „ковид 19“ ги прекина синџирите на снабдување и производството во фабриките за автомобили поради недостаток на чипови што се користат во возилата.

Најголемиот светски производител на автомобили направи подобри резултати од својот конкурент во однос на продажбата, бидејќи направи поголеми залихи на чипови во согласност со планот за континуитет на бизнисот усвоен по земјотресот во 2011 година и нуклеарната катастрофа во нуклеарната централа Фукушима, наведува Ројтерс.