Вкупното бруто-производство на електрична енергија во земјава во мај годинава изнесувало 462.653 мегават-часови, што претставува 96,5 отсто од вкупната бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, информира Државниот завод за статистика.

Според податоците, речиси целата потрошувачка на јаглен, односно 99,9 отсто, била искористена за производство на електрична енергија.

Во споредба со мај 2025 година, потрошувачката на природен гас е зголемена за 4,8 отсто. Од Државниот завод за статистика наведуваат дека растот се должи на работата на топлинските постројки, кои во истиот период минатата година не биле активни.

Од друга страна, потрошувачката на нафтени продукти во мај 2026 година е намалена за 8,5 отсто во однос на истиот месец претходната година.