Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, изјави дека во моментов мала е надежта дека преговорите би можеле да донесат окончување на војната во Украина.
Таа смета дека мали се шансите за пресврт.
„Ги поддржавме преговорите што Зеленски се обиде да ги одржи со Русија, велам се обиде затоа што се чини преговорите се еднострани, а Русите не посочија каква било можност за дипломатско решение“, изјави Томас-Гринфилд. Таа тврди дека САД се обиделе да дејствуваат и претходно, но, како што рече, „дипломатските напори не беа добро прифатени од Москва ниту пак сега реагираат“.
„Се надеваме дека напорите на Украина ќе стават крај на бруталната војна“, рече таа.
Истовремено додаде дека извештаите за насилна депортација на илјадници жители од опколениот Мариупол се „вознемирувачки“ и „неразумни“, доколку се вистинити.