ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните изминативе 2 викенда ги креираше буџетите на општините за 2023 година.
Најпрвин транспарентно градоначалниците дадоа свои отчети за сработеното за изминатата 1 година од својот мандат, а сега преку отворени денови во општините, собираа идеи и предлози за поубави и современи општини.

ВМРО-ДПМНЕ иновира. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните гради модерни и светски општини во кои ќе создаваме подобра иднина за сите граѓани.
Интересот за оваа акција од страна на граѓаните беше огромен. За прв пат граѓаните активно се вклучија во креирање на буџетите на нивните општини.
Задоволни сме од одѕивот и динамиката на реализирање на оваа активност, каде што сакавме да ги вклучиме активно граѓаните да допринесат за развој на нивните општини.

Почитувани,
Со акцијата „Биди дел од промените што носат иднина” и преку интернет порталот budzet.mk овие две недели беа собрани 2092 идеи за над 40 општини каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Овие идеи и проекти ќе бидат сериозно разгледани од стручни и професионални тимови. Сите реални проекти и идеи ќе бидат инкорпорирани во програмите и буџетите на општините за наредната календарска година.
Од досега разгледаните идеи и проекти, како и од капиталните проекти веќе вклучени во програмите на општините, 2023 година во овие општини ќе биде година на градежна офанзива, година на културата и спортот, година за животната средина.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму продолжуваат отчетно, транспарентно и одговорно да раководат со општините.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што е од народот и за народот.