18 милиони евра ги чини граѓаните суетата и кавгите на министрите на Ковачевски. Сето ова можеше да се направи со 18 – те милиони евра кои Владата ги загуби или потроши за пропаднатата еврообврзница, истакна на денешната прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференција на Томовски:
-Почитувани претставници на медиумите, почитувани медиуми
Нови 10 училишта, нови 15 здравствени амбуланти, нови 10 градинки, нова болница, лек за болните од церебрална парализа, веднаш.
Сето ова можеше да се направи со 18 – те милиони евра кои Владата ги загуби или потроши за пропаднатата еврообврзница.
18 милиони евра ги чини граѓаните суетата и кавгите на министрите на Ковачевски.
Калкулирањето со пониската сума на издадена еврообврзница нема да го сокрие зголемениот трошок којшто сега го плативме сите ние како држава.
Приносот или вистинскиот вкупен трошок за еврообврзницата која беше издадена пред месец дена беше 6,5% или за износ од 600 милиони евра, државата за 4 години требаше да плати 156 милиони евра. Сега, ако издадеше 600 милиони евра за 4 години со постигнатиот повисок принос од 7,25% државата ќе платеше 174 милиони евра или повеќе 18 милиони евра отколку пред месец дена. Затоа издадоа 500 милиони евра, да сокријат колку изгубија, а не дека за еден месец се свестија за други извори за финансирање по пониски камати.
Овој срам тешко дека ќе се заборави. Многу ја чини Македонија.
Овие пари нема да ги вратат министрите од своите џебови, овие пари ги плаќаат граѓаните.
Неспособноста и криминалот се главното лице на власта на СДС и ДУИ.
Тоа мора да се промени, порача Томовски.