Целта е во текот на оваа недела да се влезе во финализација на сите закони кои што треба да се сменат, ние веќе го имаме предлог решението, но чекавме да видиме какви ќе бидат рекациите на самиот систем, но и јавноста, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Да, целта ни е да ги затвориме заклучно со 01.01.2026 година и да отпочнеме со имплементација, но сме на мислење дали тоа да биде 01.01 или 01.02, поради тоа што не сакаме да наметнеме решение кое што нема да биде подготвено за имплементација. Ние го имаме веќе, но сакаме да сме сигурни дека е тоа, тоа. Можеби граѓаните ќе сметаат дека е потребно уше еден месец за адаптација, можеби ќе го продолжиме уште еден месец плус, истакна Тошковски.
Наша цел е граѓаните да бидат целосно информирани.
