Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека укранските сили доживеале тотален пораз во областа Курск, пренесоа руските медиуми.
„Непријателот претрпе огромни загуби, особено меѓу најспособните за борба и најдобро опремените единици, вклучувајќи и формации вооружени со западна опрема“, истакна Путин, пренесе агенцијата ТАСС.
Тој нагласи дека тоталниот пораз на украинските сили во регионот Курск создава услови за нови успешни операции на руската армија на други важни фронтови.
Според него, ваквиот развој на настаните го приближува крајот на, како што го нарече, неонацистичкиот режим во Киев.