Голема трагедија во семејството на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез. Популарниот пар, кој очекуваше близначиња, изгуби едно од новородените бебиња.

Во нивната емотивната објава се вели:

Со најдлабока тага мораме да соопштиме дека почина нашето машко бебе. Тоа е најголемата болка која може родителите да ја почувствуваат. Единствено раѓањето на нашето женско бебе ни дава сила да го преживееме овој момент со некаква надеж и среќа.

Сакаме да им се заблагодариме на докторите и медицинските сестри за сета нивна експертска грижа и поддршка.

Сите сме скршени од оваа загуба и љубезно замолуваме за приватност во овој тежок период.

Наше момче, ти си наш ангел. Секогаш ќе те сакаме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

Славната двојка во октомври минатата година ја сподели радосната вест дека Џорџина е бремена со близначиња, а неколку месеци подоцна откри дека бебињата се од различен пол.

37-годишниот фудбалер и 28-годишниот модел веќе се родители на четири деца, од кои само Алана Мартина е нивно заедничко дете. Близначињата Ева и Матео се родени со помош на сурогат-мајка, додека идентитетот на мајката на Кристијано Џуниор никогаш не беше откриен.