Вистинска драма се случила во Гостивар во четвртокот каде за време на тренинг шестгодишно дете се онесвестило, па отпосле итно било однесено во болница. Сепак обидите на докторите биле залудни затоа што реанимацијата била неуспешна, па се констатирало смрт.

МВР го потврди настанот. Во нивното соопштение известуват дека малиот фудбалер во болница бил донесен без знаци на живот. Трагичниот настан се случил на четвртокот на 03.10.2024 година по 20 часот. Итната медицинска екипа го презела детето од тренинг на стадионот во населбата Дутлок.

Јавноста е во шок по ваквиот немил настан.