Голема трагедија доцна синоќа ги потресе скопјани.
На улицата до катната гаража „Разловечко востание“ во центарот на Скопје, спроти Градскиот трговски центар (ГТЦ), синоќа било пронајдено безживотното тело на 15-годишно момче кое најверојатно паднало од катната гаража.
Извори од Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдија информацијата за Плусинфо, но засега не откриваат повеќе детали за трагедијата.