Трагедија во ЗОО Скопје: Сомнеж за труење од отровно растение

Трагедија во ЗОО Скопје. Во скопската Зоолошката градина биле пронајдени пет угинати берберски овци, што веднаш предизвикало реакција од надлежните институции.

„Животните беа во добра состојба пред инцидентот, но откако вработените ги забележаа угинати, веднаш беа повикани стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина и инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство,“ соопштија од ЗОО Скопје.

Можеби се отруле од Свето дрво.

„Првичните сознанија укажуваат дека овците можеби се отруле од Свето дрво (Тиса), чии гранки беа пронајдени во нивното живеалиште. Сепак, конечната причина ќе ја утврдиме по обдукцијата,“ додадоа од установата.

Во меѓувреме, да се потсетиме дека ова не е прв ваков случај. Летово со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Слоницата беше однесена на депонијата Дрисла.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Угина слоницата во скопската зоолошка: Директорот поставен од Данела Арсовска се обидел тајно да ја однесе во Дрисла?

Опасноста од Светото дрво

Растението Тиса се наоѓа во различни делови од Зоолошката градина, каде било засадено пред многу години.

  • „И покрај тоа што ова растение е отровно, досега не сме имале сличен случај. Веројатно ќе ги отстраниме сите стебла на Светото дрво за да спречиме понатамошни ризици,“ изјавија од ЗОО Скопје.
  • „Животните во нашата зоолошка секогаш се добро нахранети и не остануваат без храна, така што не можеме да потврдиме дека гладта ги натерала да јадат од гранките на Тисата,“ потенцираа од градината.

Извор: Фокус