При претрес во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар каде утрово ученикот К.К уби десет лица, пронајден е ранец во кој имало три молотови коктели.

К.К го оставил ранецот во кабинетот за историја.

-Ученикот кој го изврши масакрот, пукал од два пиштоли, од кои едниот CZ 99.

По масакрот К.К се сокрил во училишниот двор, каде бил пронајден и уапсен.

Се сомнева дека момчето испукало неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште.

Лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.