Трагичен крај на потрагата – девојчето исчезна во Вардар на 24 јули

Трагичен крај ја одбележа потрагата по 16-годишната Теодора Бабариќ која исчезна во реката Вардар на 24 јули. Вчера, во 12:10 часот, нејзиното тело беше пронајдено во водите на реката во близина на Старо Градско, соопшти Министерството за внатрешни работи.

ПОТРАГА ВО ВАРДАР: Исчезна 16-годишно девојче, спасена 26-годишна девојка

Вклучени специјални сили во потрагата

Во потрагата по Теодора учествуваа припадници на Министерството за внатрешни работи, како и специјалната единица „Волци“ на Армијата. Исчезнувањето беше пријавено од нејзината сестра преку итниот број за повици, по што веднаш започнаа спасувачките активности.

Наредена обдукција на телото

На самото место е извршен увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција за понатамошно утврдување на причините за смртта. Покрај Теодора, беше пријавено и исчезнување на 26-годишна жена, која за среќа беше пронајдена жива.