– Прво мора да знаеме дека сме високо криминализирана држава, дека криминалот и корупцијата заедно со високата партизација на сите државни институции полека ја нагризуваат државата, ја јадат државата. И тоа е факт, дециден е Трајанов.
Тој вели дека нема изграден ефикасен систем за борба против корупцијата
Според Трајанов, во Македонија има селективна борба против корупцијата бидејќи институциите се под диктат на претседателот на владата и партијата која е на власт.
– Системот кој што постои значи високата партизација, каде што партијата на власт која што ќе дојде ги поклопува сите институции, тие не се самостојни, не функционираат, работат под диктат на претседателот на Владата, на партијата што е на власт и затоа ние имаме селективна борба против корупцијата или не е ефикасна, смета Трајанов.