Ниту еден совет на било која општина во град Скопје, ниту Собранието на Република Македонија дури и во екот на пандемијата не работеа онлајн, сите работеа со физичко присуство, стои во Фесјбук статусот на Александар Трајановски.

– Ако нема услови за оддржување седници на Советот на Град Скопје со физичко присуство, како ли само се ствараат услови веќе петти пат да си го промовира БРТ? Добро видете ги ликовите поредени на оваа петта презентација на БРТ- Бас Рапид Транспортот или автобусите кои Шилегов очајно сака да ги прикаже како трамвај. Ова е се само јавна презентација не.

Партиска смотра во еден од најскапите луксузни хотели во Скопје платена со пари на граѓаните на Скопје. Не е он фараон, он е само партиски кмет изгубен во епитетот татко на градот, пишува тој.