Директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски изврши увид во градежните активности и го проследи динамичкиот план за работа на автопатот Кичево – Охрид.
-Со забрзано темпо се работи на асфалтирање на главната траса, изградба на клучка Требениште, потпаник Требениште, се поставува заштитна еластична ограда и асфалтирање на натпатникот кај Подмоље, објави Трајановски.
Трајановски додаде дека планот е пред празниците да се вози по ново автопатско решение во должина од 3 километри.
Сакам јавно да се заблагодарам до надзорот, изведувачите, министерството за транспорт, МВР и секој еден кој е вклучен во реализацијата на овој многу значаен проект за Македонија, потенцира Коцевски.
