Од иницијативата “СТОП за задолжителното користење маски во училиштата“ оставуваат на ставот дека децата треба да го започнат второто полугодие без маски. Креаторот на иницијативата, Трајче Петковски вели дека децата не се главните трансмитери на вирусот, напротив “експлозијата“ на Омикрон настана како последица на новогодишните журки и прослави за кои немаше никаква забрана од страана на здравствените власти.
Од иницијативата веќе подготвуваат предлог мерки како да се започне вторто полугодие, за кое сметаат дека најдобро е да се преслика германскиот модел, односно маски да не се носат во училница, туку само кога децата се движат низ училишните ходници и до тоалетите.
-Треба да се тргнат маските на децата. Првенствено затоа што децата не се преносители, децата не се оние кои се најголем број од заразените, а според статитиката најзаразени се возрасната група од 30 до 59 години, така што се алудира на оние кои славеле Нова година. Децата не мора да одат во училиште со маски, но може да им го продолжат зимскиот распуст, барем уште недела дена, таман дур стивне бранот на Омикрон, кој што сами си го предизвикаа возрасните а не го предизвикаа децата.
Цело време се алудира на децата и училиштата, дека тие се извор на зараза, а всушност е беспредметно да се зборува за тоа. Така што моментално единствено решение е децата без маски и продолжување на зимскиот распуст!
Петковски вели дека во разговор со епидемиолозите, најдобро би било пред се заради возрасните, да се продолжи зимскиот распуст а понатаму да се надополнат часовите. Или евентуално наставата за започне со онлајн учење, кое е нужно зло, во целава ситуација која треба да биде последна опција.
-Остануваме на тоа и се организираме дека децата ќе тргнат на училиште без маски. Дали ќе тргнат на 1 февруари или ќе започнат со настава на 20 јануари тие ќе тргнат без маски, тоа е факт и тоа треба да го прифатат училиштата.
Надлежните веќе и ги разгледуваат тие услови, но тоа никаде јавно не се кажува. Се повеќе епидемиолози, доктори, психолози…апелираат дека мора да се симнат маските, бидејќи е убиствено за децата.
Што доколку властите опстојат на ставот маските да останта како протоколи и задолжителна здравствена мерка?
-Нормално е дека ќе одат децата без маски. Комисијата за заразни болести требаше да ги прекине сите новогодишни прослави, а тие ги оставија! И дел вината е токму нивна. Затоа што се измеша нарадот последниве неколку денови, и еве го епилогот од 200 зарзени на дена на 1200!
И тоа е официјано, а неофицијално , тие бројки се помножени со 5. Тука не се децата криви! И официјалнта статистика од ИЈЗ говори дека најзаразена целна група е од 25 до 60 години, но тоа не се мали деца. Така што не може да се зборува дека училиштата се извор на зараза, кога заразените се друга група на луѓе. Проблемот е што децата ги плаќаат гревовите на оние кои не ги испочитувале мерките за групирање и се мешале.
Што ќе правите вие доколку на 20 јануари на вашето дете му наложат да следи настава со маска?
-Јас ќе го однесам моето дете на училиште и ќе следи настава без маска. Нема да го вратат. Децата имаат право на образование а директорите немаат право да не ги пуштат на училиште.
Се алудира на тоа дека училиштата се извор на зараза и децата треба да носат маски. Лудило беше последниве денови од забави, а не се деца!
Петковски вели дека ќе продолжат и натаму да делуваат и да го остварат правото на детето на образование без маски а училиштето нема право да ги одбие. Во постојан контакт се и со адвокати и во брзо време ќе истапат со конкретни решенија до Министерството за здравство и комисијата за заразни болести.