Професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот, вечерва на социјалните мрежи , постави неколку прашања во врска со трагедијата во Тетово и пожарот во модуларната болница.
Прво прашање: кој дозволил објект за сместување на болни и неподвижни лица да биде изграден од запалливи материјали? Како можело да им падне на памет да употребат полиуретан (ПУР), ако се знае дека тој гори полошо од слама?
Второ прашање: дури и ПУР-от не може да се запали моментално, бидејќи се наоѓа во сендвич од метални лимови, колку и да се тенки. Дали имало персонал да се обиде најпрво самиот да го угасне? Дали во објектот немало ни доктор, ни сестра, ни болничар ни чистачка, односно болните ги гледале нивните роднини. Пламенот на почетокот (ако навистина избил поради куса врска) можел да се угасне со рачен противпожарен апарат или макар со обично ќебе.
Трето прашање. Дали во модуларната болница имале соодветен противпожарен апарат, за гаснење на пожар од соодветната категорија? Дали е можно персоналот никогаш да не научил да ракува со противпожарен апарат?