Сончево со мала до умерена облачност, поголема во западните делови каде што ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ=6

Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и од денес дневните температури ќе бидат за 3 до 4 степени повисоко и понекаде во Повардарието ќе надминуваат 30°С. За време на викендот ќе има и услови за слаб локален дожд претежно во планинските подрачја.