Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е отворен за обновување на преговорите со Техеран, но порача дека тој ќе ја донесе конечната одлука дали САД ќе се вклучат во нов преговарачки процес. Истовремено, Иран го нарече „пропадната нација“ која, според него, брзо и очајно сака да постигне договор.
„Пропаднатата нација Иран сака да постигне договор, брзо и очајно“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“.
Во истата објава, американскиот претседател остави отворена можност за нови разговори меѓу Вашингтон и Техеран.
„Јас ќе одлучам дали САД ќе се вклучат и ние сме отворени за таа идеја“, напиша Трамп.
Неговата порака доаѓа по повеќемесечни воени тензии. Според агенцијата „Анадолу“, САД и Израел во февруари почнале напади врз Иран, по што Техеран возвратил со напади врз Израел и врз американски воени цели во регионот.
Вашингтон и Техеран во јуни, со посредство на Пакистан и Катар, постигнале договор во Исламабад. Неговото спроведување, сепак, било запрено поради несогласувања околу Ормускиот Теснец.
Според истиот извор, САД во август повторно ги продолжиле нападите врз Иран, а Техеран возвратил со напади врз американски воени објекти во неколку сојузнички арапски земји.
