Критики кон Киев
Американскиот претседател Доналд Трамп го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, тврдејќи дека Украина можела да избегне војна со Русија.
- „Многу сум разочаран, слушам дека се жалите што не сте биле поканети на разговорите. Но, вие сте во војна три години… Никогаш не требаше ни да ја започнете. Можевте да направите договор,“ рече Трамп во своето одморалиште во Флорида.
- „Дури и просечен преговарач можеше да постигне договор пред неколку години, без загуба на голема територија,“ додаде тој.
Поддршка на руските барања
Трамп исто така го повтори едно од клучните барања на Москва – одржување на претседателски избори во Украина, со што го зголеми притисокот врз Зеленски.
Трамп потврди дека Зеленски ќе биде дел од мировни преговори: На повидок крај на војната во Украина
Реакција на Зеленски
Зеленски претходно ги критикуваше американско-руските разговори, истакнувајќи дека секој договор мора да биде фер и да ја вклучи Украина.