Американскиот претседател Доналд Трамп повторно проговори за преговорите со Иран, велејќи дека претставници од Техеран ја информирале Белата куќа дека сакаат да ја променат ситуацијата во Ормускиот теснец.
Во кратка објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече дека добиле информации дека ситуацијата во Иран не е добра.
„Иран штотуку нè информираше дека се во „состојба на колапс“. Тие сакаат што поскоро да го „отвориме Ормускиот теснец“, додека се обидуваат да ја разберат својата ситуација меѓу раководството (што верувам дека ќе можат да го сторат!). Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, објави Трамп.
Новата изјава на американскиот претседател е малку поинаква од ставот што го пренесоа претставниците во текот на денешниот и вчерашниот ден.
Имено, во американските медиуми се појавија извештаи дека Трамп не е задоволен од планот на Иран за Ормускиот теснец, а тоа го потврди и државниот секретар Марко Рубио.
„Со отворање на теснецот, тие мислат дека теснецот е отворен сè додека се координирате со Иран; добијте наша дозвола или ќе ве дигнеме во воздух, а вие ќе ни платите. Тоа не е отворање на теснецот. Тоа се меѓународни водни патишта. Тие не можат да се нормализираат, ниту пак можеме да толерираме како се обидуваат да нормализираат систем каде што Иранците одлучуваат кој ќе ги користи“, рече Рубио.
