Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој пред еден час и формално беше уапсен и потоа сослушан пред судот во Менхетн, предмалку ја напушти судница и си замина од зградата на судот.
Трамп ја напушти судницата во придружба судската полиција, откако ги ислуша 34-те точки од обвинението за фалсификување деловни книги и заговор и притоа се изјасни за невин, јави Скај Њуз.
На излегување од судницата Трамп, иако имаше таква најава, не даде изјава, туку само влезе во своето возило и со придружбата замина за Флорида, од каде најверојатно ќе го има своето обраќање до јавноста.
Со излегувањето од зградата на судот, Трамп веќе нема статус на уапсено лице, јави британскиот медиум.