Поранешниот американски претседател и фаворит за номинацијата на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, Доналд Трамп, во вторникот ќе се појави пред судот каде што ќе биде запознаен со обвинението за кое тој самиот вели дека ќе биде по 30 точки, ќе му бидат земени отпечатоци од прстите и ќе го фотографираат за архивата а потоа ќе се изјасни за вината што за САД е историски случај за кој неговите приврзаници е обид на политичките противници да го понижат.
Минатата седмица против Трамп беше подигнато обвинение, со што стана првиот актуелен или поранешен американски претседател кој се соочува со обвинение за кривично дело, поради случајот за исплаќање пари во 2016 година на порно-ѕвездата Сторми Даниелс во текот на тогашната изборна кампања за нејзиното молчење за нивната сексуална врска со години пред тоа.
Трамп тврди дека е невин и дека пред судот ќе се изјасни дека нема вина. Нему подоцна во вторникот со силни безбедносни мерки, бидејќи се очекуваат демонстрации во негова поддршка од главно белите и христијанските конзервативци и и на неговите политички противници против личноста којашто ги предизвика и разгневи неолибертаријанците и левичарските сојузници на актуелниот американски претседател Џо Бајден, кој исто така, најави повторна кандидатура на изборите во 2024-та.
„Мораме да ја вратиме нашата земја и ДА ЈА НАПРАВИЕМ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА!“, напиша Трамп на својот профил на неговата социјална мрежа Truth Social набрзо откако во понеделникот допатува во Њујорк од Флорида, повикувајќи ги своите приврзаници да донираат за неговата претседателска кампања која според досегашните донации веќе поставува рекорди.
Кампањата на Трамп собрала 7 милиони долари за три дена откако беше објавена веста за обвинението минатиот четврток, изјави неговиот советник Џејсон Милер.
Судењето во рамките на кое Трамп во судницата ќе го слушне обвинението и ќе има можност да се изјасни за вината, е планирано за вторник во 20,15 часот по средноевропско време.
Адвокатите на Трамп се спротиставија на видеоснимања, фотографирање и радиски преноси на рочиштето, наведувајќи дека тоа „би ја влошила и онака речиси циркуската атмосфера“ околу овој случај, како и дека „ќе го намали достоинството и пристојноста на постапката“. Судијата Хуан Мерчан доцна вечерта во понеделникот пресуди дека пет фотографи ќе смеат да бидат во судницата пред почетокот на рочиштето за да снимаат неколку минути, а на камерите ќе им биде дозволен пристапот во ходниците на зградата на судот.
Окружниот обвинител, Алвин Браг од Демократската партија, кој ја водеше истрагата, по рочиштето ќе одржи прес-конференција. Трамп, пак, веднаш ќе се врати на Флорида и ќе ѝ се обрати на јавноста од Мер-а-Лаго во 20,15 часот по локално време во вторникот, односно 2,15 часот во среда наутро по средноевропско време, според објавата на неговиот кабинет.
Конкретните точки од обвиненијата во обвинението коешто го потврди големата порота би требало да бидат објавени во вторникот, за коишто Трамп и неговите приврзаници и политички сојузници тврдат дека е политички мотивирано.
Доцна во понеделникот Yahoo News објави дека Трамп ќе се соочи со 34 точки од обвинението за фалсификување на деловна документација. Повикувајќи се на еден извор, Yahoo News наведе дека ниедно обвинение против Трамп не е прекршок, и оти во сите точки станува збор за кривични дела.
Поделен Њујорк, расте поддршката за Трамп
Њујоршката полиција во текот на викендот започна со поставување на барикади во близина на „Trump Tower“ каде што Трамп замина откако долета од Флорида и пред зградата на Кривичниот суд на Менхетен, а и на двете места се очекуваат масовни собири во вторникот. Њујоршкиот градоначалник Ерик Адамс ги предупреди потенцијалните бунтовници пристојно да се однесуваат.
„Нашата порака е јасна и едноставна: Контролирајте се. Градот Њујорк е нашиот дом, а не игралиште за вашиот промашен гнев“, изјави Адамс.
Запрашан дали е загрижен поради можни безредија, претседателот Џо Бајден, за кој се очекува дека Демократската партија повторно ќе му го соочи на Доналд Трамп на изборите, кусо одговори „Не, верувам во полицијата на Њујорк“.
Случајот ги подели жителите на Њујорк, каде што името на Трамп стои на зградите поврзани со неговите деловни успеси.
„Ова е одличен ден. Се надевам дека ќе мине добро и дека на крајот тој ќе биде прогласен за виновен“, изјавил жител на Њу Џерси, 71-годишниот Роберт Хоатскон кој во понеделникот протестирал пред „Trump Tower“.
Од друга страна, пак, приврзаничката на Трамп, Сјузан Миелр пред металните бариери на Петтата авенија јужно од „Trump Tower“ во понеделникот вечерта дека се надева дека искажувањето на поддршката „ќе му даде малку сила да тргне… во битката“. „Нема почесен“ од него, рекла додавајќи дека планира на истото место да се врати во вторникот.
Од отворањето на случајот се зголемило водството на Трамп пред ривалите во трката за претседателската номинација на Републиканската партија, според анкетата на Reuters/Ipsos објавена во понеделникот, спроведена откако во јавноста беше објавена веста дека ќе се соочи со обвинување за кривични дела.
Високи 48 отсто од републиканците велат дека сакаат Трамп да биде кандидат на нивната партија за претседател на САД, што е пораст во однос на 44 отсто во анкетата спроведена од 14-ти до 20-ти март. Второпласираниот кандидат, гувернерот на сојузната држава Флорида, Рон Десантис, падна од 30 отсто на околу 19 отсто поддршка.
Обвинението, па дури и осудителната пресуда, не го спречува Трамп да се кандидира за претседател.
Делото и другите искушенија
Големата порота на окружниот суд на Менхетен којашто го обвини Трамп, со месеци слушала далеку од јавноста докази за исплата од 130.000 долари за молчењето на порно-глумицата Сторми Даниелс во последните денови од претседателската кампања во 2016 година, кога Доналд Трамп изненадувачки ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Даниелс и претходно изјави за медиумите дека била платена за да молчи за сексуалната „средба“ која ја имала со Трамп во хотелот „Lake Tahoe“ во 2006 година.
Трамп негираше дека имал таков однос и во 2018 година оспоруваше дека знаел што и да е за исплатата на Даниелс. Подоцна призна дека на адвокатот Коен му ја надоместил исплатата којашто ја нарече „едноставна приватна трансакција“. Истата година Коен ја призна вината за кршење на законот за финансирање на кампањата поради својата улога во организирањето на исплатата за Даниелс и беше осуден на три години затвор. Во спогодбата со застапниците на обвинението сведочеше дека Трамп го упатил да ги изврши плаќањата.
Коен сведочеше во март и пред големата порота на Менхетен која го истражуваше Трамп. По подигнувањето на обвинението против Трамп за Reuters изјави „Решив дека нема да дозволам историјата да ме памети како негативец во неговата приказна“.
Зајакнувајќи го својот адвокатски тим, Трамп го ангажираше Тод Бланш, истакнат адвокат за кривично право и поранешен сојузен обвинител.
Истрагата на Мехнетен е само еден од неколкуте правни предизвици со кои се соочува Трамп. Исто така, пред него е посебна кривична истрага за тоа дали незаконски се обидел да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година во сојузната држава Џорџија, како и две истраги од специјалниот обвинител, вклучително и истрагата за неговите постапки со доверливи документи кога заминувал од претседателската должност. Со таква истрага е соочен и актуелниот претседател Бајден, во врска со нелегално поседување на такви документи, уште повеќе што во тој период беше само потпретседател на претседателот Барак Обама.
Потенцијалното судење во случајот на Мехнетен би можело да започне најрано дури за една година, според правните експерти, што значи дека би можело да се случи во текот или по претседателската кампања.