На Гугл Плеј Стор, во описот на апликацијата, пишува дека станува збор за „социјална мрежа заснована врз принципите на слобода на говор и независно мислење“.
Понатаму се наведува дека е направена со цел да се бори против „културата на откажување и политичка цензура“, а се посочува дека целта е „да се спречат монополите на социјалните мрежи“.
Апликацијата „Gettеr“ нуди можност за објавување на видео до три минути, додека текстуалните објави може да бидат долги до 777 карактери.
Според податоците од продавницата на Гугл, апликацијата е преземена повеќе од 100.000 пати.
Шеф на оваа социјална мрежа е поранешниот портпарол на Трамп, Џејсон Милер, и сè уште не е познато дали Трамп ќе се рекламира на овој начин, односно дали ќе создаде сметка на „Getter“.
Трамп се свртува кон „алтернативни платформи“ затоа што му е забранет пристап до скоро сите социјални мрежи.
Неговиот профил на Фејсбук беше затворен по немирите во Капитол, и му беше забрането да креира профил и на Инстаграм.
Твитер исто така го избриша профилот на Трамп затоа што, како што наведоа, „постои ризик од понатамошно поттикнување на насилство“. Каналот му го суспендираше и YouTube, од истата причина.